од БДП
милиони евра
од БДП
милиони евра
ДХВ – Државни хартии од вредност
БДП – Бруто-домашен производ
ЦВ – Централна влада
ФС – Фискална стратегија
РСМ – Република Северна Македонија
ЈП – Јавно претпријатие
ТД – Трговско друштво
ЈПДП – Јавно претпријатие за државни патишта
ЕСМ – Електрани на Северна Македонија
МЕПСО - Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија
РБСМ - Развојна банка на Северна Македонија
ЈСП – Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје
НЕР – А.Д. за вршење енергетски дејности – Национални енергетски ресурси Скопје
МНАВ - Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација
Планиран лимит за нето задолжување на домашен пазар со државни хартии од вредност во 2021 г.
Реализција на нето задолжување на домашен пазар со државни хартии од вредност во 2021 г.
% од планираниот лимит
Податоци заклучно со 31.12.2021
Државен долг е збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада и општините во форма на заеми и хартии од вредност.
Јавниот долг е најголемото должничко портфолио во државата и претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада, општините и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.
Долгот на општините прикажан на оваа веб-страница ги содржи финансиските обврски што произлегуваат од директното задолжување на општините во форма на заеми и/или хартии од вредност.
Разликата помеѓу јавниот и државниот долг претставува долгот на јавните претпријатија и трговски друштва основани во доминантна сопственост на државата или општините.
Долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините прикажан на оваа веб-страница ги опфаќа јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата или општините кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата или општините.
Нето-задолжување е разлика меѓу задолжувањето и отплатите во одреден период. Нето-задолжувањето ја покажува промената (зголемување или намалување) на долгот на државата во одреден период. На пример, доколку во јануари 2020 година државата се задолжи за 20.000.000 денари, а во исто време отплати долг во износ од 15.000.000 денари, нето-задолжувањето направено во јануари 2020 година, изнесува 5.000.000 денари. Тоа значи дека за износ од 5.000.000 денари се зголемил долгот на државата во јануари 2020 година.
Државни хартии од вредност (ДХВ) се хартии од вредност кои во име на Владата на Република Северна Македонија ги издава Министерството за финансии. Државните хартии од вредност се продаваат преку аукции. На аукциите директно можат да учествуваат само овластените директни учесници (сите банки во Република Северна Македонија), а останатите заинтересирани резиденти и нерезиденти (физички или правни лица) можат да учествуваат индиректно, односно преку банките.
Еврообврзница е хартија од вредност издадена од Република Северна Македонија на меѓународен пазар на капитал.
Репозајмување (on-lending) е постапка кога Владата на Република Северна Македонија се задолжува кај домашен или странски заемодавател потоа тие средства ги позајмува на општините, јавните претпријатија или трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините. Овој долг се евидентира во долгот на централната влада.
Државна гаранција е потенцијална обврска за плаќање преземена од Република Северна Македонија во име на носителот на јавен долг за чија сметка е издадена гаранција. Носител на јавен долг во овој случај може да бидат општините, јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.
Јавниот долг го создаваат носители на јавниот долг, а тоа се: Владата на Република Северна Македонија, јавните установи основани од државата, општините, јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата и на општините.
Отплата на долг се сите плаќања по основа на пристигната камата и главнина кои произлегуваат од претходно создаден долг. Главнината претставува дел од основен долг којшто се плаќа во одреден период. Каматата претставува трошок што се плаќа за долгот.
Рефинансирање е задолжување со цел да се обезбедат средства за отплата на постојниот долг.
Репрограмирање е менување на условите и/или структурата на постоен долг, без создавање на ново задолжување.
Одговор: Зголемувањето или намалувањето на состојбата на долгот зависи од новите задолжувања во одреден период, но исто така, и од сите реализирани отплати на стари долгови во тој период. Многу често во јавноста постои нецелосна интерпретација за задолжувањето со државни хартии од вредност. Имено, при секоја нова аукција на државни хартии од вредност јавноста треба да има предвид колкав е износот на ново издадени хартии од вредност (задолжување), но, исто така, треба да знае колкав е износот на хартии од вредност што треба да се отплатат во тој период (раздолжување). Притоа, разликата од новото задолжување и реализираните отплати во еден конкретен период, ја покажува нето-промената на состојбата на долгот.
Пример: Доколку на една аукција државата се задолжи за 10.000.000 денари, а истовремено треба да отплати хартии од вредност издадени во претходниот период во износ од 10.000.000 денари, нема промена во состојбата на долгот.
Одговор: Не. Секое задолжување се евидентира во состојбата на долгот во моментот на повлекување на средствата од заемот. Притоа, доколку одредени заеми се повлекуваат (имплементираат) во транши, па во состојбата на долгот ќе се евидентираат само повлечените транши.
Пример: Доколку во 2020 година се потпише заем од 10.000.000 евра, којшто треба да се повлече во две годишни транши (по 5.000.000 евра во 2020 и 2021 година), состојбата на долгот на овој заем во 2020 година ќе изнесува 5.000.000 евра.
ДХВ – Државни хартии од вредност
БДП – Бруто-домашен производ
ЦВ – Централна влада
ФС – Фискална стратегија
РСМ – Република Северна Македонија
ЈП – Јавно претпријатие
ТД – Трговско друштво
ЈПДП – Јавно претпријатие за државни патишта
ЕСМ – Електрани на Северна Македонија
МЕПСО - Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија
РБСМ - Развојна банка на Северна Македонија
ЈСП – Јавно сообраќајно претпријатие - Скопје
НЕР – А.Д. за вршење енергетски дејности – Национални енергетски ресурси Скопје
МНАВ - Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација
Прашања и пораки поврзани со јавниот долг може да испратите на мејл javendolg@finance.gov.mk